На 14.06.2022 околу 11.15 во СВР Скопје, од Казнено-поправната установа Затвор Идризово било пријавено дека во Универзитетска клиника за кардиологија – Скопје починал осуденикот Р.А.(64), информираа МВР.
Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Универзитетска клиника за кардиологија, а увид извршиле екипа од СВР Скопје и Јавен обвинител.
По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.
.
