HomeАктуелноОтворена интернет страна преку која МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА ИМ ПОНУДАТ СМЕСТУВАЊЕ НА БЕГАЛЦИТЕ ОД УКРАИНА

Отворена интернет страна преку која МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ МОЖАТ ДА ИМ ПОНУДАТ СМЕСТУВАЊЕ НА БЕГАЛЦИТЕ ОД УКРАИНА

Украинската амбасада во Скопје соопшти дека е во функција интернет-страницата prykhystok.in.ua, преку која македонските граѓани можат да им помогнат и обезбедат сместување на Украинците кои бегаат од руската инвазија, која утре влегува во третата недела.

На оваа страница можете да објавите информации за населени места, број на слободни места и контакти, на кои можете да понудите или да најдете бесплатно сместување. Тоа е сигурен и докажан сервис кој помага да се координираат напорите на оние кои бараат помош и оние кои можат да ја обезбедат. Ги повикуваме граѓаните на Република Северна Македонија да ја користат веб-страницата ‘Прихисток‘ доколку сакаат со домување да им помогнат на жените и децата кои биле принудени да дојдат во земја бегајќи од војната, објави амбасадата.

Според Обединетите нации, повеќе од два милиона луѓе избегале од Украина за две недели, од кои 1,2 милиона во Полска.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.