HomeАктуелноЌе ги откаже ли Омикрон празничните прослави и собири?!

Ќе ги откаже ли Омикрон празничните прослави и собири?!

Омикрон ги напаѓа и вакцинираните и прележаните, предупредија од Светската здравствена организација.

Докажано е дека новата варијација се шири многу побрзо од претходната „делта“ и во пресрет на претстојните пазници, директорот на СЗО апелира дека е можно да се запре пандемијата, но ќе треба да се искористат сите алатки кои се на располагање, почнувајќи од вакцини до носење маски и физичко растојание. Гебрејесус рече дека „сите сакаме да поминуваме време со пријателите и семејството, но и дека сите сакаме да се вратиме во нормала.

„Најбрзиот начин да го направите ова е сите ние, лидерите и поединците да ги донесеме тешките одлуки што мора да се донесат за да се заштитиме и себе си и другите. Во некои случаи тоа ќе значи откажување или одржување на настаните.-Тедрос Гебрејесус, Директор на СЗО.

Но, откажан настан е подобар од откажан живот. Подобро е да откажеш сега и да славиш подоцна, отколку да славиш сега и да тагуваш подоцна.“

Гебрејесус порача дека во 2022 мора да се стави крај на пандемијата. Откако беше регистриран во Јужна Африка минатиот месец, омикрон е идентификуван во десетици земји во светот. Поради ширење на новиот сој, Унијата ги зголеми рестрикциите за патување.

Од денеска за ЕУ Македонија повеќе не се смета за Ковид “ризична област”.

Со најновата одлука на германските власти, Македонците до 12 години имаат слободен влез во Германија, додека за лица над 12 годишна возраст -влез со негативен тест, потврда за прележан Ковид или примени 2 дози вакцина.

За патување во Австрија, е потребен сертификат за целосна вакцинација, или доказ за примена засилувачка доза на вакцина или пак доказ за прележана болест не постари од 6 месеци, заедно со негативен ПЦР тест но не постар од 72 часа.

Инаку со најновата одлука на Грција, за патници повозрасни од 5 години покрај вакциналните сертификати или прележана болест, треба да приложат и потврда за негативен резултат од ПЦР-тест не постар од 72 часа или негативен резултат од брз-тест не постар од 24 часа.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.