HomeАктуелноОтчет на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното на нејзините градоначалници во сто дена од мандатот

Отчет на ВМРО-ДПМНЕ за сработеното на нејзините градоначалници во сто дена од мандатот

„Промени што носат иднина“ е мотото на целодневниот настан што денеска во објектот на Филхармонијата ќе го организира ВМРО-ДПМНЕ на кој партијата ќе соопшти за сè што  сработиле нејзините градоначалници во првите сто дена од управувањето на општините.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во рамки на настанот попладне од 17 часот ќе се обрати лидерот на партијата Христијан Мицкоски, а претходно ќе бидат организирани три одделни панел-дискусии на различни теми: „Што наследија општините?“ во 11.30 часот , „Европските практики во локалните самоуправи“ во 13 часот и „Младите и нивната перспектива во општините“ во 14.30 часот.

– Покрај овој настан, во наредниот тринеделен период ќе бидат организирани и шест регионални отчети на територијата на Република Македонија каде поединечно ќе бидат презентирани проектите кои се сработени, информира ВМРО-ДПМНЕ. 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.