HomeАктуелноОхридските дуќанџии и денеска работеа, бараат законот да не важи за нив.

Охридските дуќанџии и денеска работеа, бараат законот да не важи за нив.

Дел од дуќанџиите во охридската чаршија го искористија последниот викенд празник да ги отворат своите дуќани а имаше и такви кои ставија клуч на врата . Од инспекторатот велат дека тие денес работат согласно претходно важечките правила од Законот за трговија на големо и мало ,измените на Законот за недела да биде неработен ден влегува во сила од 3 јануари. За туристите кои одмараат покрај брегот на езерото чаршијата е една од најомилените локации за шетање и шопинг и  сметаат дека  дуќаните и продавниците треба да бидат отворени за викендите.

Од здружението на трговци  Чаршиски еснаф остануваат на ставот Охрид како туристички центар да биде изземен од овој закон особено за празничните викенди и во летниот период во спротивно ќе треба да ги испуштата своите вработени.

Инспекторите пак најавија засилени контроли не само по трговските туку и во угостителските објекти .Тие кои немаат право да работат ќе бидат санкционирани, додека пак оние кои ќе работат ќе бидат проверени на кој начин ја реализирале исплатата на вработените и сите други обврски кои ги имаат.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.