HomeАктуелноОхрид во празнична атмосфера ја дочека Новата Година на Градскиот плоштад.

Охрид во празнична атмосфера ја дочека Новата Година на Градскиот плоштад.

Во прекрасна атмосфера и расположение, градоначалникот Кирил Пецаков, заедно со охриѓани и гостите Новата 2022 година ја дочека на Градскиот плоштад.

– Мои охриѓани и драги гости, кои вечерва Новата година ја прославувате тука со нас Ви посакувам 2022 година да Ви биде исполнета со здравје пред се за Вас и Вашите најблиски, личен успех и благосостојба. Среќата нека Ви биде составен дел од секоја минута. Бидете здрави, весели и насмеани! Среќна Нова 2022 година! – рече градоначалникот Кири Пецаков.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За забавата на Градскиот плоштад се погрижија бројни охридски естрадни уметници.

Од Градскиот плоштад, градоначалникот, замина во посета на дежурните служби кои се грижеа за безбедноста и здравјето на граѓаните и гостите во празничната ноќ. Тој ги посети СВР Охрид, Територијалната против пожарна единица и Брза помош Охрид. Градоначалникот им ја честиташе Новата година со желби за здравје, успех и благосостојба, и им посака да имаат мирна ноќ без проблеми.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.