Охрид подготвен да ги прими Украински бегалци кои ја напуштаат земјата по Рускиот напад на Украина. Градоначалникот Пецаков најави дека градот стои на располагање да помогне доколку државата го побара тоа, додека пак хотелиерите посочија дека ќе ги отворат вратите на хотелските капацитети долж езерото за престој на украинските граѓани.
Оценките на професорската фела се дека случувањата во Украина ќе се одразат и врз нашата земја и ќе влијаат врз многу сектори. Штетите ќе бидат големи а Македонија не е подготвена за уште една криза.
Воениот конфликт ќе допринесе и за нова криза врз туризмот.Инаку последниве години долж охридската ривиера најбројни беа туристите од овие две земји кои преку туристички агенции а дел и преку регионални тури од Албанија доаѓаа во Охрид.