На денешен ден во 1936 година, во охридското село Велгошти, е роден Живко Чинго, македонски раскажувач, романсиер и драматург.
Неговите збирки раскази „Пасквелија“, „Нова Пасквелија“, романите „Сребрените снегови“, „Големата вода“, драмите „Образов“, „Ѕидот, водата“ и други, му овозможиле едно од врвните места во современата македонска проза и драмска литература.
Почина во Охрид, на 11-ти август 1987 година.
Во негова чест, секоја година во Охрид се доделува наградата „Живко Чинго“ за најдобар расказ за тековната година. Расказот „Зошто роботите не умеат да љубат“ под шифра „СИНА ПЛАНЕТА 369“ е добитник на наградата „Живко Чинго“ за 2022 година.
