51-годишен охриѓанец пријавил дека бил физички нападнат додека бил на своето работно место во продажен објект во Охрид.
Според информациите од СВР Охрид, случајот бил пријавен на 20 ноември во 15:30 часот.
Н.М. (51) пријавил дека физички бил нападнат од М.Б. од Охрид.
Од СВР Охрид информираат дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
