Моторно возило марка „рено“ со охридски регистарски ознаки управувано од 44 годишен охриѓанец удрило во метална заштитна ограда, притоа возачот се здобил со тешки телесни повреди.
На 08.01.2022 во 17,15 часот било пријавено дека на регионалниот пат Охрид- Св.Наум патничко моторно возило „рено“ со охридски регистарски ознаки управувано од Љ.Ј.(44) од Охрид удрило во метална заштитна ограда. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница во Охрид Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Охрид.
Извор:СВР Охрид