HomeАктуелноОхриѓанка повредена по пад од мопед – кај неа утврдени 2,23 промили алкохол и агресија кон полицијата

Охриѓанка повредена по пад од мопед – кај неа утврдени 2,23 промили алкохол и агресија кон полицијата

На 21.07.2025 во 01.45 часот, на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ја лишија од слобода М.М.(44) од Охрид, која претходно управувајќи мопед на истата улица, паднала и се здобила со телесни повреди. Таа се однесувала агресивно кон полициските службеници кои  пристигнале на местото на настанот, а било утврдено и дека има 2,23 промили алкохол во крвта, информираат од СВР Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

По целосно документирање на настанот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.