HomeАктуелноОХРИЃАНКА ПРИСВОИЛА 1.182.022 ДЕНАРИ ОД МАРКЕТОТ ВО КОЈ РАБОТЕЛА.

ОХРИЃАНКА ПРИСВОИЛА 1.182.022 ДЕНАРИ ОД МАРКЕТОТ ВО КОЈ РАБОТЕЛА.

Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Л. (32) од Охрид.

Таа, во својство на одговорно лице во маркет лоциран на улицата „Гоце Делчев” во Охрид, подолг временски период, противправно присвојувала парични средства- сопственост на правниот субјект кои и биле доверени за работа. Со тоа, според финансиска документација приложена од сопственикот на правниот субјект, пријавената предизвикала материјална штета од 1.182.022 денари – информираат од СВР Охрид.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.