HomeАктуелноПеколни горештини – Сончево и топло, температура до 40 степен

Пеколни горештини – Сончево и топло, температура до 40 степен

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, а во попладневните часови ќе има услови за изолирана појава на нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Минималната температура ќе се движи од 10 до 21 степен, додека дневната ќе достигне од 32 до 39 степени.

Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и слаб до умерен северен ветер. Попладне во одделни делови од котлината можно е краткотрајно невреме со пороен дожд и грмежи. Температурата ќе се движи од минимални 18 до максимални 37 степени.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи, сончевото и многу топло време ќе продолжи и во наредните денови. Во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Најтопло се очекува да биде во петок и за време на викендот, кога температурите насекаде ќе бидат над 32 степени.

Во Охрид времето денес сончево со умерена облчаност, попладне со услови за дожд. Максималната температура ќе достигне до 32 степени.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.