HomeАктуелноПендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски

Пендаровски му го врачи мандатот на Ковачевски

Претседателот Стево Пендаровски му го врачи мандатот на претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Ковачевски се очекува во текот на првата половина на следниот месец до Собранието да ги достави програмата за работа и составот на новиот владин кабинет, по што пратениците ќе треба да гласаат за избор на новата влада.

За мене претставува голема чест и одговорност доделениот мандат од претседателот Стево Пендаровски да ја формирам новата Влада. Од денес започнувам со формирање на новиот тим луѓе кои треба да одговорат на сериозните предизвици кои не чекаат веќе од почетокот на следната година. Живееме во турбулентни времиња, времиња на кризи и неизвесности. Соочени сме со долгогодишни проблеми кои го попречуваат напредокот на државата и остварување на стратешките цели. Ваквите времиња бараат стабилни, одговорни и храбри луѓе кои ќе понесат одговорност да се соочат и да ги надминат сите препреки со цел заштита и грижа за граѓаните.
Новата Влада ќе има јасна цел – обезбедување сигурност, подобар живот и светла иднина за нашите граѓани. За тоа е потребно ефикасно, чесно и одговорно владеење што ќе биде одлика на тимот кој јас како мандатар ќе го составам. Moja лична заложба е да ја вратиме довербата на граѓаните во политиката и институциите. Мора сите заедно да се стремиме кон градење независни институции и правично општество ако сакаме да ни веруваат оние на кои им служиме.
Новата Влада јасно ќе ги дефинира приоритетите за работа. Секоја минута од нашето време мора да ја посветиме на клучните проблеми со кои се соочуваат нашите граѓани. На оние проблеми за кои секојдневно зборуваат и ги мачат, а тоа е економската несигурност и животниот стандард. Најавувам силен фокус економскиот развој на земјата и финансиска поддршка за семејствата.
За крај, новата Влада е одговорна да донесе нов квалитет во јавната комуникација и соработка со сите чинители во општеството. Нашата земја е мала и не смееме да дозволиме политички поделби и бескрајни расправии. Тие прават голема штета на развојот и реализацијата на проекти и реформи кои насушно се потребни за подобар живот за сите. Мора да ги надминеме разликите, да се обединиме околу приоритетите и брзо да напредуваме.
Граѓаните бараат да видат разлика, да видат напредок, а со тоа и да ја вратат довербата дека можеме и умееме како општество. #Заедно- напиша Ковачевски.
Му посакувам успех на Димитар Ковачевски, новиот мандатар за состав на Влада и претседател на Социјалдемократскиот Сојуз на Македонија.
Очекувам во законски предвидениот рок да биде формирана новата Влада на Република Северна Македонија, која час поскоро во интерес на македонските граѓани ќе се фокусира во исполнување на задачите и обврските од домашната и надворешната политика. – напиша на фб Стево Пендаровски.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.