HomeАктуелноПендаровски на вонреден Самит на НАТО за Украина

Пендаровски на вонреден Самит на НАТО за Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска ќе учествува на вонредниот виртуелен Самит на НАТО, на ниво на шефови на држави и влади.

На Самитот ќе се разговара за безбедносната ситуација во и околу Украина. Се очекува лидерите на земјите членки на НАТО уште еднаш остро да го осудат рускиот напад на Украина и нарушувањето на нејзиниот територијалниот суверенитет и интегритет, и да донесат конкретни одлуки за понатамошното дејствување на Алијансата.

Со состанокот ќе претседава генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој по средбата ќе одржи прес-конференција од седиштето на Алијансата.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.