HomeАктуелноПецаков: Состојбата под контрола, сите екипи на терен

Пецаков: Состојбата под контрола, сите екипи на терен

Градоначалникот на Општина Охрид, Кирил Пецаков, информира дека екипите на општинските јавни претпријатија интензивно работат на повеќе локации низ градот за надминување на проблемите предизвикани од обилните врнежи од дожд кои деновиве го зафатија охридскиот регион.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во врска со настанатата состојба, денеска Пецаков одржа состанок со Кризниот штаб за заштита и спасување на Општина Охрид, на кој покрај претставници од јавната администрација присуствуваа и претставници на Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, СВР Охрид, јавните претпријатија, Противпожарната единица и останатите надлежни институции.

На состанокот беше извршено мапирање на критичните точки и изготвен план за итно дејствување со ангажирање на дополнителни екипи на терен. Од страна на стручните лица беше посочено дека е предизвикано излевање на Коселска Река на неколку критични точки, при што се поплавени објекти за домување, дворови и јавни површини.

Најкритична е состојбата на улицата „Гоце Делчев“ во близина на Здружението на возачи и на потегот кај селото Орман, каде што е поплавена поголема површина. Поплави се евидентирани и на други локации на улицата „Железничка“, како и на патниот правец Охрид – Свети Наум, во делот кај населбата Рача.

На располагање се ставени сите капацитети на општинските јавни претпријатија. Се делува координирано и состојбата постојано се следи. На терен се работи со градежна механизација и пумпи за испумпување на водата, со цел да се намалат штетите и да се спречат дополнителни последици, истакна Пецаков.

Општина Охрид упатува апел до граѓаните да се воздржат од движење низ ризични подрачја со зголемено ниво на вода и навремено да пријавуваат критични состојби кај соодветните надлежни служби.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.