Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков им го честита Христовото раѓање – Божиќ на сите христијани кои слават по Грегоријански календар.
На сите граѓани со католичка вероисповед им го честитам најголемиот и најрадосниот христијански празник – Божиќ со желба да го поминат во здравје и радост опкружени со најмилите.
Во духот на толеранцијата и меѓусебното почитување на сите нас овој празник нека не потсети дека во себе носиме љубов и радост нека ги поттикне и зацврсти мирот и солидарноста во Светот полн со предизвици.
Делете радост и помагајте им на сите оние на кои тоа им е потребно потсетувајќи се на непроценливите вредности на меѓусебното почитување и разбирање.
Само сложни и единствени со позитивна мисла и напредни идеи на кои се темелат добрите проекти можеме да градиме здраво и напредно општество кое ќе биде заеднички дом за сите нас.
Искрено ви посакувам мир, среќа, радост и благосостојба.
Овој голем Христијански празник нека ни донесе надеж за подобро утро за сите граѓани на Охрид и Република Македонија–се вели во честитката од градоначалникот Пецаков.