Едно лице го загуби животот во сообраќајна несреќа, што вечерва се случи на магистраниот пат Охрид-Битола, на улицата Рашанец на влезот од село Лескоец, oхридско.
Патничко моторно возило удрило во пешак, кој починал, кусо информираше портпаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
Увид на местото на несреќата вршат екипи на СВР Охрид.