На 24.08.2023 околу 17.00 часот во авто камп Љубаништа, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид извршиле преглед на К.С.(21), Д.С.(21) и Ф.К.(30), сите од Охрид, како и во шаторот во кој престојуваат, при што во близина на шаторот била пронајдена и одземена марихуана. По цеолсно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираат од СВР Охрид.
