Ракометната селекција на Македонија ја совлада Романија со 30:22 во првиот од двата дуели во полуфиналниот двомеч од баражот за СП.
Во првото полувреме, нашите ракометари покажаа одлична игра и на паузата тимот на Кире Лазаров замина со три разлика (16-13).
Во второто полувреме беше друга приказна, а се подразбуди и Филип Талески кој запиша 10 гола, Лазаров седум, а Филип Кузмановски пет голови.