HomeАктуелноПовеќе пари за пензионерите – Следува ново покачување

Повеќе пари за пензионерите – Следува ново покачување

Пензионерите во Македонија на 1 октомври ја примија септемвриската пензија со зголемување од 1.000 денари. Владата ја претставува оваа мерка како значајно олеснување за највозрасните граѓани, со цел полесно справување со растот на трошоците за живот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека веќе се подготвуваат детални анализи за идното процентуално зголемување на пензиите, потребните финансиски средства и моделот на распределба кој ќе важи за сите пензионери.

Покачувањето не застанува тука – во април следната година е предвидено ново зголемување од дополнителни 1.000 денари. За да се овозможи навремено спроведување на мерката, измените ќе бидат усвоени или преку закон со скратена постапка, или преку иницијатива на пратеници.

Според властите, со овие мерки пензионерите ќе добијат стабилно зголемување на месечните примања, што ќе обезбеди поголема сигурност и ќе им помогне подобро да се справат со економските предизвици.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.