HomeАктуелноПовисоки и поригорозни казни за пироманите бараат локалните власти

Повисоки и поригорозни казни за пироманите бараат локалните власти

Пред се да ја подигнеме одговорноста на поединецот, на самите себе. Инспекциите ќе превенираат, превенирале и претходно, меѓутоа треба да се промени регулативата, бидејчи најчесто тие кои се фатени и зиведени пред лицето на правдата поминуваат со несоодветни казни и на тој начин самата репресија, односно казна, не ја постигнува целта. Практично луѓето и понатаму се охрабруваат, говорам за лицата кои се проблематични, но мнозинството граѓани треба да се однесуваат по одговорно кон природата, изјави Звонко Пекески, градоначалник на Берово.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Малешевијата и Пајанец, како една регионална целост, пред 4 години ги зафати пожар од невидени размери, за што во неговото гаснење се вклучија и пожарникари од Србија, Бугарија, Словенија и Австрија. Општина Берово во моментот работи на превенција и обнова на возниот парк на пожарникарите.

Доброволното друштво беше во Пехчево на обука за справување со пожари. Набавивме нова опрема за пожарникарите. Камиионот кој ни беше донација од Швајцарската агенција за развој и сотработка во моментот има дефект и е пратен на сервис и се надевам дека во наредните 10 дена ќе биде целосно сервисиран. Останатите возила во моментот се технички исправни, додаде Пекески.

На опожарените реони беше нанесена ненадоместлива штета на шумскиот фонд, а загрозени се и многу растителени и животински видови.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.