HomeАктуелноПовисоки плати и пензии – Познато кoга!

Повисоки плати и пензии – Познато кoга!

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, на прес-конференција најави дека во септември, на само еден месец пред локалните избори закажани за октомври, ќе има ново зголемување на пензиите. Сè уште не е одлучено дали тоа ќе биде линеарно, со фиксна сума за сите пензионери или ќе биде изразено во процент од пензијата што ја прима секој од нив, вели министерката.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Презентирајќи го предлогот за ребаланс на Буџетот, Кочоска рече дека вкупниот трансфер од од државниот буџет до Фондот за пензиско и инвалидско осигурување оваа година ќе биде околу 50 милијарди денари (околу 800 милиони евра).

Во првата половина од годината имаше послаба реализација отколку што беше предвидено за нас до крајот на годината, бидејќи го предвидовме, а проекцијата ќе се оствари бидејќи не ја почитувавме минималната плата и платите продолжуваат да се зголемуваат и сега веќе се чувствува од месец во месец, како имаме поголема наплата на придонеси, па се планирани 2,5 милијарди, но ова е само резултат на тие недостатоци на ликвидност што ги има ПИО во однос на тоа колку реализира од сопствени приходи, објасни Кочоска.

Кочоска потврди и дека предлогот за ребаланс на буџетот предвидува и зголемување на средствата за плати во јавниот сектор.

Зборуваме за извршување на буџетот и за ставката плати. Да, има зголемување. Ефектот овде најмногу се должи на Министерството за внатрешни работи, кое имаше зголемување на платите од 10 проценти, додека МВР во суштина брои најголем број на администрација. Тие имаат околу 12 илјади вработени, рече Кочоска.

Во врска со платите во јавниот сектор, Кочоска рече дека со ребалансот за нив се издвоени околу 800 милиони денари повеќе, од кои околу 600 милиони се за зголемените плати во МВР.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.