Новата Влада е избрана, со работа започнуваме веднаш. Доаѓа ново време, време на заеднички напредок и подобра иднина, рече премиерот Димитар Ковачевски по изборот на новата влада.
Ова е новиот владин состав:
Славица Грковска – вицепремиерка за борба против корупција и криминал, одржлив развој и човечки ресурси
Славјанка Петровска – министерка за одбрана
Никола Тупанчевски – министер за правда
Љупчо Николовски – министер за земјоделство
Јована Тренчевска – министерка за труд и социјална политика
Бисера Костадинова -Стојчевска – министерка за култура
Бојан Маричиќ – вицепремиер за европски прашања
Фатмир Битиќи – вицепремиер задолжен за економски прашања
Горан Милевски- министер за локална самоуправа
Оливер Спасовски – министер за внатрешни работи
Благој Бочварски – министер за транспорт и врски
Артан Груби – прв заменик премиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците
Бујар Османи- министер за надворешни работи
Крешник Бектеши – министер за економија
Фатмир Бесими -министер за финансии
Насер Нуредени -министер за животна средина и просторно планирање
Јетон Шакири -министер за образование и наука
Адмирим Алити -министер за информатичко општество и администрација
Беким Сали- министер за здравство
Џемал Чупи-министер без ресор задолжен за дијаспора