HomeАктуелноПоделени новогодишни пакетчиња за радост на најмладите

Поделени новогодишни пакетчиња за радост на најмладите

Со цел да ги разубават новогодишните и божиќните празници на најмладите, градоначалникот Кирил Пецаков, претседателот на Советот на Општина Охрид, Сашо Донев и секретарот на Општина Охрид, Александар Китески, денеска поделија вкупно 300 новогодишни пакетчиња.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Новогодишни пакетчиња беа поделени во Дневниот центар „Зраци“, новоотворената игротека за деца со цребрална парализа „Радост“, посебната паралелка во ООУ „Свети Климент Охридски“ и Дневниот центар „Доброљубие“ во црквата „Свети Ѓорѓија“.  Новогодишни пакетчиња добија и дечињата при здружението „Ретко е да си редок“, дечињата во здружението „Тајните на моето срце“, дечињата од центрите на здружението „Во мојот свет“, како и на дечињата кои се лекуваат во специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Свети Еразмо“ и во Општата Болница во Охрид.

 

             

         

 

 

 

 

 

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.