HomeАктуелноПожарот над Битола целосно ставен под контрола

Пожарот над Битола целосно ставен под контрола

Општина Битола информира дека пожарот над Битола е целосно ставен под контрола со сеопфатна и континуирана ангажираност на екипите на ТППЕ, поддршка од јавните претпријатија и дополнителна помош од Центарот за управување со кризи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Претпладнево како воздушна поддршка на противпожарните екипи, пристигна државна помош за Битола, составена од пет „Ер трактори“, од кои три од Дирекцијата за заштита и спасување и два од Турција кои се дел од помошта која стигна за справување на Македонија со пожарите.

Екипите на ТППЕ Битола остануваат на терен до целосна ликвидација на пожарот.

Општина Битола и Градоначалникот Тони Коњановски им се заблагодарува на сите вработени во ТППЕ Битола, за нивната посветеност и пожртвуваност во борбата со огнената стихија. Исто така, локалната самоуправа изразува огромна благодарност до сите општествено одговорни компании кои ја изразија својата хуманост и покажаа интерес да помогнат во обезбедувањето на храна и вода  за екипите кои ноќта ја поминаа на терен. Голема благодарност до медиумите, кои со својата објективност овозможија навремено и објективно информирање на граѓаните за состојбата со пожарот и делувањето на општинскиот кризен штаб, наведува Општината.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.