HomeАктуелноПознато кога ќе биде пуштен во употреба патот од Врбјани до Охрид, дел од автопатот Кичево-Охрид

Познато кога ќе биде пуштен во употреба патот од Врбјани до Охрид, дел од автопатот Кичево-Охрид

Крајот на месец јуни најдоцна до почетокот на јули ќе биде пуштен во употреба патот од Врбјани до Охрид. Министерот за транспорт и врски Александар Николоски останува на ставот дека изградбата на автопатот Кичево -Охрид како што беше најавено и претходно целосно ќе биде завршен до крајот на следната година.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Затворениот пат од Подмоље кон Охрид и пренасочувањето на возилата кон стариот пат кој го кочи движењето според министерот Николоски е единствениот начин да се заврши што поскоро овој патен правец.

Автопатот на кој се чека повеќе од деценија е долг 57 километри и истиот ќе овозможи побезбедно и побрзо патување меѓу Кичево и Охрид, намалувајќи го времето на возење за повеќе од половина.

 

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.