HomeАктуелноПознат датумот: „Безбеден град“ стартува во СВР Охрид

Познат датумот: „Безбеден град“ стартува во СВР Охрид

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на СВР Охрид и Регионалниот центар за гранични работи Запад, каде со раководствата разговарал за актуелната безбедносна состојба и активностите за дополнително унапредување на безбедноста во регионот.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Тошковски најави дека системот „Безбеден град“ ќе започне со примена на територијата на СВР Охрид од 12 октомври, откако ќе бидат завршени преостанатите подготовки за функционирање на командниот центар.

– Во СВР Охрид сме во завршна фаза со подготовката на командниот центар кој е неопходен за практична примена на системот „Безбеден град“. Од 12 октомври планираме системот да започне со примена на целата територија на СВР Охрид, односно на подрачјата на Охрид, Струга, Кичево и Дебар – изјави Тошковски.

Тој посочи дека во наредните две недели ќе се реализираат последните активности поврзани со воспоставувањето на системот, кој треба да придонесе за поголема безбедност и поефикасно полициско работење.

На средбите било разговарано и за борбата против криминалот и корупцијата, нелегалната трговија и дистрибуцијата на дрога, одржувањето на јавниот ред и мир, како и за безбедноста во сообраќајот.

Од Регионалниот центар за гранични работи Запад, министерот соопшти и дека за првпат е договорено агенцијата ФРОНТЕКС дел од своите активности да ги насочи и кон западната граница на државата.

– Очекуваме заедничките активности да започнат на почетокот на идната година, со што дополнително ќе ја зајакнеме контролата на западната граница – истакна Тошковски.

Според него, Министерството за внатрешни работи продолжува со модернизација на полициското работење преку воведување нови технологии и зајакнување на меѓународната соработка, со цел подобрување на безбедноста на граѓаните.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.