HomeАктуелноПолицијата казни 156 возачи во Скопје, 24 од нив возеле под дејство на алкохол

Полицијата казни 156 возачи во Скопје, 24 од нив возеле под дејство на алкохол

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот, при што на територија на град Скопје изречени се вкупно 156 мерки, меѓу кои 24 санкции за управување под дејство на алкохоле и 22 мерки за непочитување на брзината на движење.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Изречени се и 10 санкции за возење без возачка дозвола, две за минување на затворен сигнал (црвено светло), десет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, четири за возач почетник…

ОД МВР најавуваат продолжување на засилените акциски контроли и во наредните денови со апел до граѓаните за почитување на сообраќајните правила и прописи за посигурни патишта.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.