На 1. август 2022 година, во 22:00 часот, во граничната полиција на Регионален центар „Запад“, приведен е 22-годишниот К.А. од Штип.
При преглед извршен врз него на улицата „Кленоец“ во Охрид, полициските службеници пронајдоа и одзедоа марихуана. Против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информира потпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
