HomeАктуелноПолицијата со полни раце работа – Билтен на СВР Охрид

Полицијата со полни раце работа – Билтен на СВР Охрид

На 03.08.2025 во 23:15 часот во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид го приведоа А.Е.(33) од Охрид затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 03.08.2025 во 16:30 часот, при извршени контроли на плажите во авто кампот „Градиште”, полициски службеници од СВР Охрид, на шанк од еден угостителски објект затекнаа вработени лица во објектот како послужуваат малолетни лица со алкохол. По налог на јавен обвинител, преземени се соодветни мерки за документирање на настанот, по што против правниот субјект и одговорното лице ќе бидат поднесени соодветни пријави.

На 03.08.2025 во 21:00 часот во авто камп на струшкото крајбрежје на Охридското езеро бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Д.С.(47) врз Д.Н.(23), двајцата од Скопје. По целосно документирање на настанот, ОВР Струга ќе поднесе соодветна пријава.

На 03.08.2025 во 19:00 часот во ОВР Струга било пријавено дека настанал пожар во помошен објект во с.Горна Белица, струшко, сопственост на Д.А. од Струга.  Од екипа на Територијаланата противпожарн единица Струга, а повредени лица нема.
На 03.08.2025 во 21.20 часот на регионалниот пат Кичево – Македонски Брод, кај влез за селото Лисичани, општина Пласница, патничко возило „мерцедес” со кичевски регистарски ознаки, управувано од Н.Н.(23) од селото Челопеци, кичевско, удрило во пешак – 30-годишната А.В. од Лисичани. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила А.В., констатирани во Медицински центар Кичево. Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево.

На 03.08.2025 во 13:00 часот во ОВР Кичево било пријавено дека на магистралниот пат Гостивар – Кичево, во близина на влез за селото Тајмиште, кичевско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со битолски регистарски ознаки, управуван од Д.Б.(45) од селото Љубојно, ресенско, товарно возило „фолксваген” со тетовски регистарски ознаки, управуван од В.Ј.(38) од селото Раковец, општина Боговиње, патничко возило „опел” со германски национални ознаки, управувано од Љ.С.(40) од с.Пршовце, општина Теарце и патничко возило „фолксваген артеон” со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(39) од селото Црешево, скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Д.Б., констатирани во Медицински центар Кичево. Увид изврши, увидна екипа од ОВР Кичево.

На 03.08.2025 година во ОВР Дебар е пријавено дека Р.Д. од едно дебарско село подолг период во семејниот дом вршел физичко и психичко насилство врз неговата невенчана сопруга. По насоки на јавен обвинител, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.