СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(23) и А.П.(23), двајцата од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“ .
На 12.07.2022 на улица „Радојца Новичиќ“ во Охрид, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило, во кое се превезувале пријавените, при што бил пронајден и одземен кокаин.
