HomeАктуелноПолнење буџет или конечно воведување дисциплина и зголемување на сообраќната култура, рекорден број на санкционирани пешаци

Полнење буџет или конечно воведување дисциплина и зголемување на сообраќната култура, рекорден број на санкционирани пешаци

Во текот на вчерашниот ден (21.02.2022) во периодот од 09.00 до 14.00 часот Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на прекршоци што ги прават пешаците. Притоа, санкционирани се 310 пешаци од кои, 217 за небезбедно преминување на улица надвор од пешачки премин, 77 за минување на црвено светло… Од нив 141 на територија на СВР Скопје, 36 на територија на СВР Охрид, по 34 на територија на СВР Тетово и на територија на СВР Битола..

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

За време на контролата регистрирани се и 133 останати прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи. Пешаците да го минуваат коловозот на обележан пешачки премин затоа што непочитувањето на сообраќајните правила ќе биде санкционирано. Сите заеднички, со почитување на правилата, мора да придонесеме за побезбедни сообраќајници.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.