HomeАктуелноПосебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Албин Курти

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради посетата на Албин Курти

Според најавите, Курти ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза, што ќе се одржи во Музејот на современата уметност во Скопје.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Во главниот град денеска во сила ќе биде посебен сообраќаен режим поради доаѓањето на премиерот на Косово, Албин Курти, кој ќе биде во официјална посета на земјава, соопштија од Министерството за внатрешни работи.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот на подрачјето на Град Скопје“, велат од МВР и апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите на полициските службеници.

Според најавите, тој ќе присуствува на централниот настан по повод роденденот на Мајка Тереза, што ќе се одржи во Музејот на современата уметност под покровителство на првиот вицепремиер Беким Сали.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.