Мијатовиќ јавува дека се уште се ангажирани сите ресурси на МВР за да се реши мистеријата за исчезнувањето на овој млад човек од Сплит.
Припадниците на речната полиција денеска заедно со граѓаните го пребараа коритото на реката Сава за евентуално да го пронајдат телото на Матеј. Според Мијатовиќ, таа потрага е завршена и во коритото не било пронајдено ништо, што би укажало дека таму е телото на исчезнатиот спличанец.
Нуркачите го пребаруваа и теренот. На крајот Мијатовиќ рече дека потрагата продолжува се додека не се разреши оваа мистерија.