HomeАктуелноПочина поранeшниот пратеник Сашко Костов од Кочани

Почина поранeшниот пратеник Сашко Костов од Кочани

– На 50-годишна возраст денеска ненадејно почина поранешниот пратеник Сашко Костов.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Од Општата болница во Кочани потврдија дека околу 10.30 часот Костов бил донесен во критична здравствена состојба по доживеан срцев удар додека бил на судско рочиште во Основниот суд.

Костов беше пратеник од редовите на СДСМ во претходниот пратенички состав на македонското Собрание. Тој е магистер на правни науки, а по завршувањето на пратеничкиот мандат работеше како адвокат. Беше татко на три малолетни деца.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.