HomeАктуелноПо една година пауза одново трка на дедомразовци во Скопје.

По една година пауза одново трка на дедомразовци во Скопје.

По пауза од една година, повторно ќе се одржи традиционалната Кока-Кола Дедомразовска трка, во која повеќе стотици учесници во дедомразовски костуми ќе трчаат во главниот град.

Трката покрај натпреварувачки има и забавен карактер. Должината на патеката е два километри и можат да ја истрчаат и деца во придружба на родители.

За победниците се предвидени награди, а на најсреќните учесници преку лотарија ќе им се исполнат новогодишните желби без оглед на резултатот и освоеното место. Пред и по трката се предвидени музичка програма, загревање со фитнес инструктор и церемонија на прогласување на победниците.

Стартот на трката е закажан за 12 часот, а подигнувањето на стартните пакети од 10 часот на денот на трката.

Трката ја организира здружението за спорт и рекреација Прв до врв, со поддршка на Кока-Кола и Градот Скопје.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.