HomeАктуелноПо 11 години чекање, Охрид конечно го добива затворениот базен

По 11 години чекање, Охрид конечно го добива затворениот базен

Пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Сашо Донев, информира дека по 11 години чекање Охрид конечно ќе добие покриен базен.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

„На денешната владина седница конечно се стави крај на уште едно долгогодишно ветување што стоеше во место. Владата обезбеди приближно 8 милиони евра за целосно да се заврши овој проект“, напиша Донев.

Тој посочува дека покриениот базен е важен за децата и за развојот на спортот во Охрид.

Донев упати благодарност до премиерот Христијан Мицкоски, потпретседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски и министерот за спорт Борко Ристоски.

„Продолжуваме да се бориме за секој еден проект што му треба на градот, затоа што Охрид заслужува подобри услови“, наведува Донев.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.