HomeАктуелноПразнување во Охрид.

Празнување во Охрид.

📌После една година пауза , денес, достојно, во духот на традицијата и верата, го одбележавме големиот и значаен празник за градот, Богојавление – Водици.
👉И покрај проблемот со ковид-кризата смогнавме сили, ја организиравме оваа манифестација што ете мина во најдобар ред. За мене ова е најголемиот настан што се случува во Охрид. Она што како народ не држи тоа е традицијата, таа е тука да постои, ние да ја одржуваме и да се гордееме.
👉По осветувањето на езерските води и положувањето на Светиот крст, најсреќен помеѓу стотината капачи беше Мартин Гоџоски кој го фати Светиот крст. На фаќачот на крстот му посакувам среќа, здравје и успех.
👉 Празнувањата за „Водици“ продолжија со настап на групата „Љубојна“ на Градскиот плоштад и со групно крштевање на Сараиште.-напиша на својот фб профил градоначалникот на општина Охрид,Кирил Пецаков.
-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.