Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на доделувањето на наградата „Европска жена на годината“ што ја доделува Делегацијата на Европската Унија во Скопје.
Ми беше чест, но и поттик и мотивација да присуствувам на доделувањето на наградата „Европска жена на годината“ што ја доделува Делегацијата на Европската Унија.
Номинирани беа пет исклучително силни и посветени жени кои со својата професионална патека покажуваат дека токму жената е таа која ги поместува кон извонредност професионалните граници и влијае врз развојниот и еманципирачки општествен капитал.Честитки до добитничката на наградата, уметницата Илина Арсова! – истакна првата дама.
За овој настан, првата дама носеше фустан кој докажа дека прекрасно ѝ стои . Првиот пат оваа комбинација таа ја носеше кога го придружуваше претседателот Пендаровски на дочекот на полскиот претседател и неговата сопруга.
Тогаш моделот на фустан кој го носи, многумина веќе го споредија со фустаните што ги носеше поранешната прва дама на САД, Меланија Трамп, особено за оној модел кој Меланија Трамп го носеше на инаугурацијата на нејзиниот сопруг, а потоа сличен таков модел носеше и поранешната претседателка на Хрватска Колинда.