Првото бебе во Новата година во Охрид е машко. На свет го донесе триесетгодишната Радмила Миткова од Охрид, која утрово се породи на Гинеколошкото одделение при Општа болница Охрид.

Новороденото е второ дете во семејството Миткови. Мајката и бебето кои се во добра здравствена состојба попладнево ги посети градоначалникот на Охрид Кирил Пецаков, кој им врачи пригодни подароци.