HomeАктуелноНАЈНОВА ВЕСТ – Омикрон пристигна во Македонија.

НАЈНОВА ВЕСТ – Омикрон пристигна во Македонија.

Министерството за здравство информира дека во Република Македонија, денеска е детектиран првиот случај на сојот Омикрон на вирусот SarsCoV2.

„Секвенционирањето е направено во приватната болница Жан Митрев во Скопје, кај маж кој во земјава допатувал од Велика Британија. Станува збор за реинфекција, односно пациентот во јануари 2021 година ја имал  прележано болеста и тогаш бил асимптоматски. По прележувањето на болеста, пациентот примил две дози од вакцината Фајзер. По втор пат позитивен тест на Ковид-19 има од пред 2 дена, по што е потврдено дека е сојот Омикрон“, велат од МЗ.

Како што информираат од МЗ во моментот пациентот има лесна клиничка слика и се лекува во изолација во својот дом.

Информираат од МЗ.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.