HomeАктуелноПревентивна активност на СВР Охрид за превенирање на говорот на омраза

Превентивна активност на СВР Охрид за превенирање на говорот на омраза

Полициски службеници од Отсекот за превенција при Секторот за внатрешни работи Охрид во соработка со мисијата на ОБСЕ во Скопје, реализираа едукативно предавање на тема говор на омраза, во ДУТУ „Ванчо Питошески“ во Охрид.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

Притоа, со учениците од првата година при оваа образовна институција, полициските службеници говореа за говорот на омраза како девијантен феномен, за неговите опасни и штетни потенцијали во извршување на кривични дела, како и за законските норми кои што ја оопфаќаат оваа појава, информираат од МВР.

Воедно, додаваат, во рамки на предавањето на учениците им беа поделени едукативни материјали, а се во насока на препознавање, превенирање и спречување на оваа штетна појава.

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.