Денес, 23.12.2021 година, со поддршка на невладината организација Темпларски ред, Велик Приорат Македонија беа обезбедени и поделени 20 хуманитарни пакети на семејства во социјален ризик од Охрид, како и 50 новогодишни пакетчиња на децата од тие семејства, известуваат од Црвен Крст – Охрид.
Меѓудругото, од невладината организација Темпларски ред, Велик Приорат Македонија известуваат дека на ден 22.12.2021 година биле донирани и околу 150 новогодишни пакетчиња на деца со посебни потреби, посетени биле Дневен Центар Зраци, Здружението на родители на деца со посебни потреби „Тајните на моето срце“, центарот за деца со посебни потреби во црквата Св.Ѓорѓи и Центарот за Аутизам во Охрид.
Од организацијата изјаснија дека ќе продолжат со вакви хуманитарни акции, бидејќи големината на луѓето се мери со големината на делата кој ќе ги направи во својот живот и вистинската среќа доаѓа кога ја покажуваме љубовта и грижата кон оние на кој тоа им е најпотребно.
Инаку, Темпларски ред, Велик Приорат Македонија е меѓународна организација која за прв пат започнува да делува во Македонија, додека охридскот регион скоро и никогаш не бил застапен.
И по 903 години од основањето на Редот, можеме да слушнеме за нив и нивното делување.