Времето денес ќе биде претежно облачно, во западните делови од државава со локaлeн дожд. Кон крајот на денот услови за дожд ќе има и во југоисточните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Во Охрид претежно облачно време со услови за дожд. Минималната температура од 3, а максималната ќе се движи до 11 степени целзиусови.
Утре, времето ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд и ќе дува умерен до засилен јужен ветер. Локален дожд ќе има и во вторник попладне, а потоа следува период на стабилно време. Од УХМР велат дека температурите во следните денови ќе бидат над просекот за овој период од годината, а тоа ќе предизвика постепено топење на снежната покривка на планините