HomeАктуелноПретрес:Татко и син продавале кокаин, пронајден список на купувачи

Претрес:Татко и син продавале кокаин, пронајден список на купувачи

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер

На 04.03.2022 полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, Специјалната антитерористичка единица „Тигар“ и ОВР Кичево го приведоа Е.П. од Кичево, дилер на кокаин, кој се барал и за извршени насилства. При претрес во неговиот дом пронајден е кокаин, четири ваги, пари, списоци на должници кои купувале дрога од него и неговиот татко А.П.

При претресот во домот на Е.П. полициските службеници биле попречувани од Н.П. за што ќе следува соодветна кривична пријава по чл. 382 и 368 од КЗ. Против Е.П. и А.П. ќе бидат поднесени кривични пријави по чл. 215 од КЗ.

Извор:МВР

Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.