Претставата „Разведи ме/ Две нијанси црвена“, во режија на Роберт Ристов во сабота на 19.03.2022 година пред охридската публика. Театар Провокација од Скопје гостува во Центарот за култура во Охрид. Претатвата е закажана за во 20.00 часот.
Претставите, ОЖЕНИ МЕ и РАЗВЕДИ МЕ, се две поглавја од Флип изданието со наслов „Две нијанси црвена“. Ова е еден уникатен начин да се опфатат две теми/ претстави кои се во нераскинлива врска и претставуваат лице и опачина, едната на другата. Двете претстави на ниво на фабула се независни една од друга, што значи дека не е потребно да се бара некаков континуитет во распоредот на гледањето на претставите,(во смисол дека мора првин да се погледнет едната па потоадругата).
Претставата на еден експлицитен начин, без непотребни цензури, се бави со причините кои најчесто знаат да доведат до распаѓање на бракот. Ситуациите кои ги третираме во претставата ќе ве натераат да погледнете на работите од поинаква перспектива и да ги преиспитате своите ставови околу одредени прашања кои многу често си ги поставувате на себе во дијалогот што го водите пред огледало. Дали љубовта кон себеси го намалува интензитетот на сакањето на партнерот? Каде е границата? Дали треба безрезервно да му се верува на партнерот? Дали доколку постои неверство, мора да се запечати со РАЗВОД? Дали простувањето на неверството е вистинскиот чекор со кој ќе ги спасиме бракот и љубовта во која сме вложувале со години? Дали по неверството сме засекогаш „оштетени“ луѓе кои никогаш повеќе нема да умеат искрено да сакаат и да веруваат? Дали вреди да се продолжи бракот заради децата? Како можеме да го процениме квалитетот на врската/бракот? Дали љубовта е „прекинувачот“ за нашата среќа? Овие скокотливи теми ќе бидат експлицитно отворени и дефинитивно ќе ве стават во ситуација да ги преиспитате воспоставените општествено-морални вредности. Ќе ве натераат да ги согледате нијансите во сопствената врска, мотивирајќи ве да ја засилите нијансата на црвена (љубовта).
Драматизацијата на двете претстави Роберт Ристов ја работеше по мотиви на урбаните сценарија: „Ожени ме“, „Развод“, „Заедништво“, „Храна и љубов“ и „Брачна приказна“.
Во претставата „Разведи ме“ во улогите на брачните партнери на сцена ќе играат Мирјана Поповска Ристов и Роберт Ристов, а во снимените видеа играат актерите Зорица П. Панчиќ (како Марта), Љубиша Савановиќ/гостин од БиХ (љубовникот) и Благоја Чоревски (таткото). Претставата е финансирана од Општина Гази Баба. Зад режијата, сценографијата и изборот на костими за оваа претстава е потпишан Роберт Ристов. Кореографијата е на Марија Бејкова.
Времетраење на фимот е 75 мин, а истиот припаѓа на жанрот романтична комедија.
Карти по цена од 200 денари на билетарата при НУЦК “Григор Прличев” – Охрид. Телефон за резервации 046/261-063, 075/283-066. Претатвата ќе се одигра согласно здравствените протоколи.