На 21.12.2021 околу 16.35 часот на ул.„Борче Јовановски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово-Одделение за внатрешни работи Госивар го лишиле од слобода Б.А.(49) од Гостивар. При преглед во неговата монтажна барака биле пронајдени околу 1600 разновидни петарди и други пиротехнички средства. Тој бил задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок за „недозволено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“ по член 396 од Кривичниот законик.
Извор:МВР