Денеска (17.03.2022), полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од
слобода Х.М.(21) од село Банско, струмичко. При претрес во неговиот дом,
извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана. Известен е
Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Струмица и по целосно
документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.