HomeАктуелноПриведен криминалец за доиздржување казна затвор од осум и пол години

Приведен криминалец за доиздржување казна затвор од осум и пол години

МВР информира дека на 09.05.2022 во 11.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода С.С. (36) од Куманово.
Тој бил осуден на 11 години и 9 месеци затворска казна за сторени кривични дела „тешка кражба“ по член 236 и „разбојништво“ по член 237 од Кривичниот законик, а се барал со потерница за доиздржување на 8 години и 6 месеци казна затвор.
Лицето ќе биде спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Штип за доиздржување на казната, додаваат од министерство за внатрешни работи.

-50%
За Твојата Реклама на овој рекламен банер
Rate This Article:
No comments

Sorry, the comment form is closed at this time.